(ВИДЕО) Костадинов: Растот на платите во 2018 највисок во последните 9 години

Од:

Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, кај работниците, во семејствата. Во 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата во последните девет години, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Просечната нето плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари, што е зголемување за над 8 проценти во однос на декември во 2017 година. Само за една година просечната плата е поголема за речиси две илјади денари. Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати.

Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, новите и добро платени работни места“ изјави Костадинов.

Тој додаде дека оваа година продолжуваат зголемувањата на платите во сите сектори. Повеќе средства се одвоени за активните мерки за вработување, за поддршката за домашните и странски инвестиции.

Овие мерки и реални економски политики, според Костадинов, се добра основа за натамошен раст на платите, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.

„Пред граѓаните презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите. Тоа го остваруваме, време е граѓаните да ги почувствуваат очекуваните резултати“ нагласи тој.

Напредокот во евроинтеграциите, членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, вели Костадинов, дополнително ќе ги интензивира овие позитивни текови, се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски