Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин изјавил дека смета оти Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, пренесуваат руските новински агенции.

„Мислам дека (странските земји) добро ќе размислат пред да го направат тоа, но секогаш постои теоретска можност (за Русија да биде исклучена од интернет) и затоа треба да создадеме сопствени сегменти кои не зависат од никого“, рече Путин.

„Не можам да зборувам во име на нашите партнери, какви се нивните тајни планови, но мислам дека тоа за нив би била огромна штета“, рече тој без дополнително објаснување.

Путин ова го изјави откако руските законодавци се изјаснија за построга контрола на интернетот со цел заштита од надворешно мешање.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз