МАПАС: Доброволните членови да изберат дали ќе го продолжат членството или ќе го прекинат

Од:

Согласно измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ги информира доброволните членови родени пред 01.01.1967 година дека имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб со давање писмена изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд или ќе го прекинат членството во вториот пензиски столб со давање писмена изјава за престанување на членството во задолжителен пензиски фонд.

– Доколку доброволниот член, до 30.09.2019 година, не даде изјава, на 01.10.2019 година неговото членството во вториот пензиски столб ќе престане. Друштвото ќе ја затвори неговата индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ, односно членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ, стои во денешното соопштение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

При изборот помеѓу продолжување или престанок на членство во задолжителен пензиски фонд, се подвлекува, членовите треба да ги имаат предвид нивната возраст, годините на работен стаж при зачленување во втор пензиски столб, очекуваните години на вкупен работен стаж, висината на пензиските придонеси кои им се уплатувани досега, висината на идните очекувани придонеси кои ќе им се уплатуваат и други фактори.

 

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата