Клуб на млади лекари: Поголемо внимание на подготовката и анализата на моделот за пракса на младите лекари

Од:

Клубот на млади лекари соопшти дека од посебна важност е да успее проектот што го најави Министерството за здраство што се однесува на тоа веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца, тие да добијат можност за шестмесечна практична работа во здравствените домови, за што ќе бидат обезбедени работни места во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа да можат да специјализираат.

Според нив, станува збор за проект што ќе користи многу средства од буџетот за здравство.

– Поради тоа, мислиме дека успехот е од голема важност не само за нас, туку и за иднината на односите со централната власт. За да успее проектот мислиме дека треба да се посвети повеќе време во фазата на подготовка и анализирање на моделот, посочуваат од Клубот на млади лекари.

Истакнуваат дека треба да се внимава на тоа колку ќе биде загарантирано вработувањето на новодипломираните лекари, доколку се пријавуваат на истиот конкурс и постари лекари од претходните генерации, кои се невработени или планираат да почнат специјализација, имајќи предвид дека овој стаж ќе биде услов за специјализација, а треба да се изготви анализа со потребите и проблемите во консултација со сите засегнати страни, како институции, граѓански
сектор, корисници на јавно-здравствените услуги и да се определат стриктни критериуми за распоредот на младите лекари по здравствените домови низ државата.

Според Клубот на млади лекари, треба да се проучи можноста за таков шестмесечен стаж да се одржи таму каде има основ тој да се претвори во трајно вработување, за младите да вложат поголем труд и да не гледаат на тоа само како задолжителна пракса, да се консултира академскиот кадар на државата за правецот во кој треба да се фокусира проектот за да има перспектива и да не се гледа само како привремено ублажување на нетрпението на младите лекари, да се процени колку ова дополнително додавање на услов за специјализација, ќе го одложи создавањето нови
специјалисти кои и се во дефицит поради постојаното заминување на македонските лекари во странство.

Тие прашуваат дали младите лекари на стаж ќе добијат личен профил во МојТермин и дали ќе користат сопствен факсимил или ќе прегледуваат и пишуваат извештаи и терапија во име на специјалист, каква услуга ќе добијат пациентите од штотуку дипломираните млади лекари и која ќе биде нивната одговорност, кој ќе ја оценува нивната работа и како оваа мерка ќе го спречи партиското влијание при вработувањето,

– Овој проект треба да води кон подобри услови како за младите лекари, така и за пациентите. Затоа, потребно е попрофесионално и подетално анализирање на изградбата на моделот за овој проект, пред неговиот успех да се вети со сигурност, наведуваат од Клубот на млади лекари и бараат да бидат вклучени во неговото креирање.

Би можело да ве интересира

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

На најдобрите студенти кои завршиле медицина ќе им биде понудено веднаш да се вработат во здравството

Таравари од првиот ден почна да ги разрешува економските директори на клиниките

Катерина Ѓуровски

Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали

Предраг Петровиќ

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ