По состанокот во Брисел со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, британската премиерка Тереза Меј изјави дека е постигнат напредок по прашањето за „цврстата граница” меѓу Северна и Република Ирска, кое го кочи договорот за брегзит.
Премиерката наведе дека, сепак, времето истекува за да може неопходните промени да се „зацементираат”.
-Времето е од најголема важност, а во интерес на двете страни е кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ тоа да биде на организиран начин. Така што, имавме напредок, рече Меј.