СЗО: Загадувањето на воздухот одзема речиси една година од просечниот живот на Европеецот

Од:

Девет од десет луѓе ширум светот секојдневно го дишат загадениот воздух, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Тоа значи дека 91отсто од светската популација живее на места кадешто квалитетот на воздухот е под границите на дозволеното. Се смета дека загадувањето на воздухот директно предизвикува смрт на околу седум милиони луѓе годишно, главно во Азија и Африка.

Според СЗО, 25 отсто од срцевите заболувања, 24 отсто од мозочните удари и 43 отсто од болестите на белите дробови и рак на белите дробови може да се „припишат на загадување на воздухот”.

Градовите во Индија и Кина се најголемите виновници, но и Европејците се погодени од овој феномен.

Според Европската агенција за животна средина (ЕЕА), загадувањето на воздухот во моментов е одговорно за речиси 500.000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година.

Изложеноста на ПМ честички го намали очекуваното траење на животот на секој човек на континентот во просек за речиси една година, главно поради зголемениот ризик од кардиоваскуларни и респираторни заболувања и рак на белите дробови, наведува СЗО.

Организацијата, исто така, соопшти дека ако загадувањето на воздухот во европските градови се намали под препорачаното ниво за квалитет на воздухот, луѓето ќе живеат подолго – во некои случаи за речиси две години. Географијата, исто така, претставува фактор – отстранувањето на загадувањето на воздухот во Букурешт, Романија ќе додаде 22 месеци живот на жителите, додека во Лондон, Велика Британија, оваа бројка би изнесувала 2,5 месеци.

Околу 40 милиони луѓе во 115-те најголеми градови во Европската унија (ЕУ) се изложени на воздух што ги надминува дозволените вредности за квалитетот на воздухот на СЗО за најмалку еден загадувач.

Децата, едни од најзагрозените, кои живеат во близина на патиштата со густ сообраќај се соочуваат со двојно повеќе респираторни проблеми. Дополнително, изложеноста на загадување на воздухот за време на бременоста се поврзува со ниска родилна тежина и предвремено раѓање.

Џонатан Григ, професор по педијатриска респираторна и еколошка медицина на универзитетот „Квин Мери” во Лондон, за Еуроњуз изјави дека загадувањето на воздухот веројатно ќе ја влоши состојбата на веќе ранливите лица.

„Загадувањето на воздухот, најверојатно, ќе го забрза намалувањето на функционирањето на белите дробови кај луѓето кои веќе имаат проблеми со дишните патишта, особено кај децата“, рече Григ. „Ние во Велика Британија проценуваме дека загадувањето на воздухот води до 20.000-40.000 предвремени смртни случаи годишно”.

Европската белодробна фондација (ЕЛФ) вели дека загадувањето на воздухот може да биде исто толку опасно колку и пушењето, и оти живеењето покрај фрекфентна сообраќајница носи ист ризик како и пасивно пушење на 10 цигари дневно.

Оние кои мислат дека со неизлегувањето надвор ќе го ублажат ризикот од загадување на воздухот, нека размислат повторно.

Додека 4,2 милиони смртни случаи годишно во светот се резултат на изложеност на загадување на надворешниот воздух, речиси 3,8 милиони смртни случаи годишно се предизвикани од изложеноста во домаќинствата на чад од шпорети и огрев. СЗО соопшти дека над три милијарди луѓе ширум светот секојдневно дишат загаден воздух во нивните домови.

Сепак, Европската белодробна фондација ги охрабрува Европејците за извршување активности на отворено и тврди дека придобивките од вежбањето ги надминуваат ризиците од загадување на воздухот. ЕФЛ, исто така, наведува дека луѓето можат да ја намалат својата изложеност на загадување на воздухот со избирање на споредни патишта, вежбање во зелени површини и избегнување на вежбање за време на сообраќаен метеж.

Кои делови од Европа се најзагадени?

Статистиките на СЗО покажаа дека Источна Европа, особено балканските земји, се смета за најзагаден регион на континентот.

Индустриите во областа, како што се рударството на кафен јаглен, придонесуваат за зголеменото загадување на воздухот. Неефикасни, постари возила кои многу загадуваат го интензивираат проблемот со животната средина за Источна Европа.

Република Северна Македонија се смета за едно од најзагадените европски држави со ниво на ПМ10 честички во некои градови што ја надминуваат препорачаната концентрација. Најзагадено урбано подрачје во цела Европа беше градот Тетово, во таа балканската земја.

Скопје, главниот град, е ставен на листата од Светската здравствена организација како втор најзагаден град во Европа со најголема концентрација на штетни фини честички (2.5) во воздухот. Честичките ПМ 2,5 се сметаат за невидлив убиец, бидејќи се толку мали што може да поминат низ „оклопот“ на телото.

Во Босна и Херцеговина, исто така, се наоѓаат градови кои се на врвот на најзагадениот дел од Европа, особено градот Тузла.

Исто така, Бугарија, Романија и Албанија имаа повеќе градови во првите 30 најзагадени урбани области во Европа.

Во Полска, загадувањето на воздухот предизвикува прерана смрт на околу 50.000 луѓе секоја година. Според СЗО, во земјата се речиси половина од 30-те најзагадени градови во Европа. Една од водечките причини за битката на Полска со загадувањето на воздухот е долгогодишната врска со јаглен.

Очекуваниот животен век во Источна Европа е многу помал од нејзините западни соседи.

Според Статиста, очекуваниот животен век кај мажите во Источна Европа е 69 години, речиси 10 години помалку од просечната старост кај мажите на Западот – од 79 години.

Жените во источниот блок живеат, во просек, 78 години, што е под просекот на западноевропските земји од 84 години.

Професорот Григ изјави за Еуроњуз дека оваа разлика во очекуваниот животен век може да биде поврзана со зголемената популација на пушачи во Источна Европа.

Григ, кој е исто така претседател на Собранието на европските респираторни здруженија, рече дека чадот од цигари е најлошата хемикалија што може да влезе во белите дробови и може да ги забрза ефектите од загадувањето на воздухот со фактор 10.

Италија се смета за статистички најзагадена земја во Западна Европа, при што Неапол, Торино, Рим и Милано – сите во првите 30 најзагадени градови.

Од што е направено загадувањето на воздухот и како можеме да го намалиме?

Една од главните состојки на загадувањето на воздухот се честичките. ПМ се комбинација на цврсти и течни честички суспендирани во воздухот, при што многу од нив се опасни. Оваа мешавина вклучува и органски и неоргански честички, како што се прашина, полен, чад и течни капки. Може да се испуштат директно, на пример кога гори гориво или индиректно да се формираат, како кога гасовитите загадувачи претходно испуштени во воздухот се претвораат во честички.

За борба против ова, СЗО ги охрабри земјите да ги регулираат штетните емисии и да забранат возила кои го загадуваат воздухот. За секојдневниот живот, СЗО вели дека луѓето можат да го намалат загадувањето на воздухот со тоа што немеа да го горат отпадот, ќе рециклирањето, а превозот со велосипед да стане дел од нивната секојдневна рутина.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

Катерина Ѓуровски

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски