САД: Изјавите на Путин се пропаганда

Од:

САД како пропаганда ја оценија изјавата на рускиот претседател, Владимир Путин дека Москва ќе одговори соодветно на секое ново поставување на американски нуклеарни ракети во близина на Русија.

САД сметаат дека тоа е пропаганда, која има за цел да го пренасочи вниманието од руското кршење на Договорот за уништување на ракети од среден и краток дострел (ИНФ).

-Изјавите на претседателот Путин се продолжение на руската пропаганда, со цел да се избегне одговорноста за руското кршење на ИНФ, изјави портпаролка на американскиот Стејт департмент.

САД на 1 февруари објавија дека ќе се повлечат од ИНФ, повикувајќи се на руското кршење на овој договор од 1987 година.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски