А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Платена пракса за младите доктори и повисоки плати за медицинскиот персонал

by А1он20/02/2019 - 09:15257
Share0

„Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за унапредување на здравствениот систем и подобрување на условите за работа на здравствените работници со цел тие да ја градат кариерата во јавното здравство.

Добивај вести на вибер

Една од новините во насока на остварување на таа цел е воведувањето шестмесечна платена практична работа за младите доктори. Веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца младите доктрина ќе имаат можност да имаат 6 месечна практична работа во здравствените домови во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа ќе можат да специјализираат.

Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава.

Претходно, како дел од мерките со цел вреднување на трудот на медицинските работници беше и зголемувањето на основната плата на здравствените работници, соработници и помошниот технички персонал во здравството, од 5 до 10 проценти. Од септември предвидено е зголемување на платите и на административните работници во здравството.

Промени се воведоа и во плаќањето на надоместок и на приватните специјализанти и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.

Владата предводена од СДСМ , превземајќи ги овие чекори овозможи привлекување нови кадри во јавното здравство, каде само минатата година се вработија 3,200 здравствени работници.

Унапредувањето на здравството и здравствените услуги остануваат еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ со една единствена цел обезбедување на врвна медицинска нега за граѓаните и достојни услови за вршење на својата дејност за лекарите и медицинскиот персонал“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsmzdravstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:07

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски02/05/2026 - 11:4002/05/2026 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто