ЕПП остро ја осуди кампањата на Орбан против Јункер

Од:

Европската народна партија (ЕПП) попладнево се огласи во врска со кампањата на унгарската Влада на Виктор Орбан против претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, јави допинсичката на МИА од Брисел.

По непрекинатите реакции од Европската комисија, јавноста и европратениците, претседателот на ЕПП, Жозеф Дол на Твитер напиша дека „силно ја осудува кампањата на унгарската Влада во пресрет на изборите за Европскиот парламент во 2019“.

Владата на Унгарија денеска започна кампања во која ги поистоветува Јункер и американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос и тврди дека Европската комисија сака да наметне мигрантски квоти, хуманитарни визи за бегалци и да ја поткопа заштитата на границите во земјите членки, наводи кои Еврокомиисјата ги нарече лажни вести.

ЕПП, која е обично дискретна во своите реакции кон унгарската сестринска партија Фидес на Орбан, овој пат без ракавици и порача на Владата во Будимпешта дека кампањата и е лажна и не е базирана на факти.

– Силно ги отфрлам сите напади и неосновани заговори на Унгарија против претседателот Јункер, кој е вистински демохристијанин и вистински европски лидер. Лидер кој се бореше за европска солидарност, единство и просперитет од кои целата ЕУ, вклучително и Унгарија, имаа бенефит, оцени Дол.

Тој нагласува дека сака да го потсети Орбан оти одлуките во Брисел, вклучително и за миграција, се носат колективно од сите влади на ЕУ и Европскиот парламент каде има и унгарски претставници.

– Наместо да ја прикажува ЕУ како фантомски непријател, Унгарија треба да сфати дека е дел од неа, порача Дол на Твитер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски