(ВИДЕО) Стоилковски: СДС го негира сопствениот оглас за претседателски кандидат

Од:

Заевизмот го заборави и го негира огласот што пред неполни две недели беше распишан тука од СДС за кандидирање за претседателски кандидат. Огласот е заборавен и негиран уште пред истекот на рокот што беше зададен токму од СДС, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во изјава за новинарите.

„Распишаа оглас на 4 февруари, со рок до 19, односно до денеска, а веќе вчера, на 18, ден пред истекот, веќе го имаа заборавено и го негираат огласот. Го негираат тоа што наместо Извршниот одбор, највисокото партиско тело на СДС, кандидатот за претседател на СДС ќе го избира Артан Груби од ДУИ, со асистенција на Миле Зечевиќ. И нема ништо од апликациите, ништо од наведените критериуми, како тоа кандидатот да ужива доверба на членството и на симпатизерите на СДС и да ја, како што беше наведено, оживотворува политиката на СДС. Кандидатот сега треба да ја оживотворува политиката на Артан Груби и да ја ужива довербата на ДУИ“, рече Стоилковски.

Според него, Заев сега не бара претседателски кандидат, туку послушник којшто ќе му го аминува криминалот на картелот во власта и нема ништо од демократски норми во овој избор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он