Дачиќ: Разграничувањето е официјален предлог на Белград за решавање на косовското прашање

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека разграничувањето претставува официјален предлог на Србија за решавање на косовското прашање во дијалогот со албанската страна, но дека сé уште не е утврдено каде би била линијата на разграничување.

Како што пренесува ТВ Н1, Дачиќ им изјавил на новинарите во Белград дека идејата за разграничување постои како предлог, но дека не е дефинирано каде ќе се наоѓа линијата.

Албанската страна и понатаму молчи за овој предлог, колку што може да се заклучи од одговорот на шефот на српската дипломатија. Албанската страна сé уште нема одговорено, бидејќи во моментов не постои дијалог, наведува ТВ Н1.

Дачиќ нагласи дека САД сакаат да се најде компромисно и трајно решение за Косово.

– Вашингтон е најмногу заинтересиран за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, повеќе од Велика Британија и Германија, истакна Дачиќ, наведувајќи дека САД претходно имале став оти Србија мора да ја признае независноста на Косово.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Не е точно дека Вучиќ и наредил на полицијата да употреби сила за да ја деблокира зградата на РТС

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор