ЈП ПОЦ ќе става блокатори доколу паркирате на улица, а не сте жители на Центар

Од:

ЈП Паркинзи на Општина Центар – Скопје воведе промени во начинот на користење на резидентните паркиралишта со коишто стопанисува.

Во наредните два месеца контролорите на ЈП ПОЦ ќе ги опоменуваат сите возила коишто ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште или резидентна улица, а не се корисници резиденти на секторот во коишто се паркирани. Од 10 април корисниците коишто ќе постапуваат спротивно новите насоки ќе бидат санкционирани со поставување механичко средство блокатор или отстранети со специјално возило „пајак“.

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги вовело овие промени за да им овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за сопствени потреби. Со овие промени, велат од ПОЦ, ќе се воведе ред во паркирањето на резидентните паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието со цел ослободување на тротоарите, пешачките зони и јавните површини од непрописно паркирани возила.

Измените се направениво делот од Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар што отсега ќе гласи „Резидентни паркиралишта и резидентни улици се јавни паркиралишта кои се уредени на начин единствено со намена за станарите и жителите на општина Центар коишто живеат во опфатот на паркинг-секторот каде што се наоѓа односното јавно паркиралиште од значење за општина Центар.”

Би можело да ве интересира

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

А1он