ВМРО-ДПМНЕ: Лошите политики на СДСМ во земјоделието, само ја зголемуваат сиромаштијата

Од:

Земјоделието е во катастрофална состојба, над 60 илјади тони јаболка во ресенско стојат во магацините, на само 2 месеци пред крајот на сезоната. Јаболкарите кои треба да почнат со подготовка на плантажите за новата сезона немаат средства за обработка на нивите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците. Минатата година без пласман останаа производителите на зелка, домат, пченица, слива, бостан, грозје, праска и ориз, земјоделците наместо загарантиран откуп и фер цени, немаа никаков откуп.

Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена во изминативе две години. Земјоделците се жртва на манипулација. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци.

Власта не смее да остане глува на проблемите на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ бара власта под итно да ја врати интервентната мерка по 3 денари од килограм и да им помогне на јаболкарите.

Лошите политики на СДСМ во земјоделието, само ја зголемуваат сиромаштијата, која е во пораст во Република Македонија, при што бројките велат дека граѓаните кои живеат на прагот на сиромаштија изнесува половина милион“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он