ЗНМ ги осуди вербалните закани изречени од страна на Бојан Јовановски врз новинарката Мери Јордановска

Од:

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува вербалните закани изречени од страна на застапник на менаџментот на телевизијата „1ТВ“ Бојан Јовановски врз новинарката на „Макфакс“, Мери Јордановска.

„Менаџерот Јовановски кој е син на доминантниот сопственик на „1ТВ“, во својот напис на социјалните мрежи директно ја прозива Јордановска поради нејзини изречени критики за емисијата „Инсајдер“, која се емитуваше на оваа телевизија. Тој преку своите објави се обидува да изврши притисок врз новинарката со тоа што јавно ја прозива да провери дали сопственикот на медиумот каде што таа работи преговара со „1ТВ“ за соработка.

ЗНМ на овие реакции гледа како на закани по работното место на новинарката и обид да влијае врз нејзиното известување, но и нејзината критична опсервација на објавени медиумски содржини“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Оттаму потсетуваат дека Законот за медиуми во членот 11 дава право на новинарот да го изнесе својот став и мислење за работата на истиот доколку не се придржува кон професионалните правила на новинарската професија утврдени од страна на професионалните организации на новинари и тоа во медиумот каде новинарот е ангажиран, а не пак за став кон работата на други медиуми.

„Потребно е да се знае дека менаџментот и уредувачката политика се одвоени, согласно домашните и европските пракси и регулативи. Ваквите изјави од страна на лица со менаџерска функција во медиум кои се блиски до сопствениците на истиот може да влијаат негативно врз и онака кревката состојба на слободата на изразување и независноста на медиумите“, се додава во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

ЗНМ бара повлекување на наредбата од организациската директорка на Токсикологија

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска