Во сабота на полноќ завршува рокот за пријавување на претендентите за локалните избори.
Во недела Комисијата за лустрација ќе прегледува дали некој од нив бил кодош.
Според најавите, Комисијата ќе работи и во недела, а ќе ги прифаќа листите од општинските изборни комисии за да ги исполни законските обврски за лустрација.
Комисијата ќе работи до полноќ на 17-ти февруари.
Лустраторите, се убедени дека ќе ги прегледаат сите листи, но не објаснуваат како ќе успеат тоа да го постигнат. Се надеваат дека многу од личностите ќе бидат истите од претходните избори, значи веќе проверени, а тоа е помалку работи за нив.