Вицепремиерката Арифи се сретна со известувачот за Македонија Ричард Ховит

Од:

Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи денеска се сретна со пратеникот на Европскиот парламент и известувач за Република Македонија Ричард Ховит.

За време на средбата, како што соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерката Арифи информирала за тековните активности преземени од страна на нашата земја во рамките на активностите утврдени од страна на Советот на министри на ЕУ, чие исполнување ќе придонесе за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија.

Европратеникот Ховит го поздравил постигнатиот напредок во процесот на интеграцијата на земјата во Европската унија и изразил желба Македонија и во наредниот период со исто темпо да ги продолжи активностите за почеток на преговорите со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кнајсл: Дипломатијата на ЕУ не функционира затоа што дипломатите размислуваат како блогери

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ