Димитров се сретна со членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба со членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Соединетите Американски Држави, предводени од директорот Крис Соча, на која било разговарано за унапредување на партнерските односи меѓу двете земји и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, соговорниците го поздравиле потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, истакнувајќи дека решавањето на долгогодишниот спор со Грција претставува позитивен пример како треба да се решаваат отворените прашања во регионот. Во оваа насока, беа разменети мислења за процесот на ратификација во американскиот Сенат.

Министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка на САД, особено на Сенатот кој игра значајна улога во креирањето на надворешната политика на САД, за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија.

Воедно, како што се наведува во соопштението, се заблагодарил и за неодамнешната резолуција поднесена во Сенатот на САД, во која се оценува дека со постигнувањето на договорот со Грција се придонесува кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот Регион и се дава дополнителна поддршка за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија