Зголемен број читатели во велешката библиотека „Гоце Делчев“

Од:

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес лани имало вкупно 4.339 читатели, од кои 2.413 возрасни и 1.926 деца. Тоа е повеќе за 202 читатели, споредено со 2017 година, кога имало вкупно 4.137 читатели.

Директорот на библиотеката Игор Крајчев за МИА информира дека лани набавиле 2.266 книги во одделот за возрасни и 287 книги во одделот за деца и тоа најголем дел лектири.

– Велешката читателска публика е мошне пребирлива и знае што бара, па затоа ние најчесто при набавката на нови книги се ориентираме според нивните побарувања и интереси. Тие се главно за најнови светски бетселери и трилери, преведени на македонски јазик од нашите издавачки куќи, појасни Крајчев.

Велешката библиотека има фонд од 100 илјади книги, меѓу кои и 200 стари и ретки книги од кои најстарата е од 1773 година. Велешката библиотека била првоотворена во земјава.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска