Повик за цртање графити на фасадата на Домот на млади во Штип

Од:

Штипскиот Дом на млади ќе ја враќа старата фасада со графити, што пред пет години беше префарбана во розова боја. Директорот на Дом на млади-Штип, Горан Трајков, вели дека распишале конкрус, на кој млади уметници ќе се јават со идејни решенија, а проектот се реализира под наслов „Нашиот дом“.

– Домот на млади распишува повик за избор на седум авторски цртежи. Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност. Идејата е во склоп на еден од најзначајните објекти, градот под Исарот, да се интегрира првата галерија на отворено, посветена на уличната уметност и графити културата. „Нашиот дом“ е темата со која ќе го започнеме овој културен проект, вели Трајков.

Фасадaта сега е обоена во црна боја, на која уметниците ќе можат да ги реализираат своите дела. Трајков забележува дека покрај промоцијата на домашните уметници, пред јавноста ќе може да се претстават и уметници од останатите градови.

Секој заинтересиран може да учествува на конкурсот со една идејна скица-концепт, во категориите „Street art“ или „Graffiti“. Конкурсот е отворен до 30 март. Уметниците ќе работат на своите дела на фасадата од 10 до 28 мај, а на 1 јуни ќе се отвори галеријата во рамките на фестивалот „Сигнал“.

 

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена