Пике критичен по успехот на Ваљадолид

Од:

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике беше прилично критичен кон тимот по минималниотуспех над Ваљадолид со 1:0 во натпревар од 24-тото коло на Ла Лига.

Дефанзивецот изрази мислење дека каталонците не покажале добро лице и ако не ја подобрат својата игра, ќе имаат проблеми во вторник против Олимпик Лион. Двата состави ќе се соочат еден против друг во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

– Воопшто не игравме добро. Ова не е лицето што сакаме да го покажеме. Најдобро од сето ова е победата, но чувството по натпреварот не е пријатно. Ние треба да направиме подобрувања. Во вторник против Лион треба да покажеме друго, поинакво лице, инаку работите нема да бидат добри за нас. Ако не сме брзи кога топката е во наши нозе, ако не ја контролираме играта, ако не создаваме шанси, стануваме послаб тим. Тоа е она што ние и нашите ривали го знаеме, рече Пике.

Запрашан да го коментира пеналот, кој беше досуден за прекршок врз него, Пике објасни дека имало доволно контакт за дападне.

– Ме турна од позади и ме дестабилизира. Ме фати за рамо. Тоа е пенал. Тоа беше доволен контакт за да паднам, изјави дефанзивецот.

Ударот од 11-метри подоццна беше претворен во гол од Лео Меси, кој на крајот на натпреварот пропушти да удвои повторно од белата точка. Судијата досуди по втор пат пенал во корист на „блуагранас“, кога досуди прекршок против Филипе Кутињо.

 

Би можело да ве интересира

Флик втор месец по ред е најдобар тренер во Ла Лига

А1он

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ