ВИДЕО: Заев и Ципрас наградени со „Евалд фон Клајст“ за придонес кон светскиот мир

Од:

Премиерите на Република Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алкесис Ципрас, синоќа во Минхен ја добија наградата „Евалд фон Клајст“.

Домаќин на церемонијата беше премиерот на федералната држава Баварија, Флоријан Херман.

„Евалд Фон Клајст“ е награда што се доделува за придонес кон светскиот мир и безбедноста.

-Ова е голема чест за граѓаните на Северна Македонија и Грција, напиша премиерот Заев на својот „Фејсбук“ профил.

Заев и Ципрас беа поздравени со аплауз додека ја примаа наградата за нивниот придонес во меѓународниот мир и мирно решавање на споровите преку Преспанскиот договор.

-Јас и Алексис овде вечерва ќе ви покажаме и ќе разговараме со вас за различен Балкан, за Балкан од 21 век. Имам три клучни зборови за да го опишам успехот на нашето пријателство: Надеж. Дијалог. Заедноста, рече Заев во обраќањето по повод наградата, изразувајќи им благодарност пред се на граѓаните на неговата државата, но и на посредникот Метју Нимиц, комесарот Хан, канцеларката Меркел, како и на министрите Котѕијас и Димитров.

Заев потенцира дека имал и има надеж.

-Кога сите ми кажуваа дека не е можно, имав надеж за решение и подобра иднина. Дијалог. Кога сите зборуваа за црвени линии, Алексис и јас одлучивме да ги отпуштиме црвените линии што само ќе ни копаат во ровови. Се свртевме кон отворена и искрена комуникација без скриени агенди. Решивме да се грижиме едни кон други, да имаме толеранција и да ги разбереме проблемите и предизвиците на другиот. И на крај, заедништво. Глобалниот свет е мал и гласен денес, се е поврзано. Најважните работи можат да бидат многу мали и тивки. Затоа, треба да работиме заедно за да обезбедиме мир, да ја одржиме стабилноста и да обезбедиме просперитет, порача премиерот.

Според него, Европа и Балканот денес стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.

-Нема повеќе леви и десни поделби во Европа. Ова е време за обединување и приклучување на прогресивните сили, кои се лево-десно, либерални и други, со цел да се издигнат над ретроградните сили и национализмот. Ова е време на избор – напред или назад, истакна Заев, нагласувајќи дека наградата ја споделува со неговиот, како што рече, драг пријател, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и со сите други лидери од балканските земји.

-Но, оваа награда ја посветувам на сите млади од Балканот. Ова достигнување е за нив. Тие се причината што ја имаме. Она што го правиме денес е основа за она што вие – млади луѓе – нашите идни генерации, ќе создадеме утре, рече Заев.

Тој и Ципрас претходно учествуваа на панел дискусијата „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, посветен на иднината на Западен Балкан. Како што информира владината прес-служба, премиерот Заев истакна дека на панелот се зборува за регион кој се менува, кој станува се по европски и кој испраќа позитивни пораки и за другите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ципрас: ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски