СДСМ: Силјановска покажува дека не е ништо друго освен уште еден извршител на Мицкоски

Од:

„Како што се очекуваше, Мицкоски денеска го официјализираше својот кандидат кој застана рамо до рамо со него, тргна против напредокот, проитв НАТО и ЕУ, по стапките на Иванов и Никола Груевски.

Гордана Силјановска денеска имаше шанса да покаже дека се разликува, дека е против антизападните политики на Мицкоски и да се огради од нив, но тоа не го направи.

Силјановска не се огради ниту од криминалните политики на Никола Груевски, ниту од деструктивните активности на Христијан Мицкоски против напредокот на нашата земја, против Договорот од Преспа, против НАТО и ЕУ.

Исто така, Силјановска не го осуди ниту говорот на омраза и поделбите на граѓаните кои што доаѓаа од нејзини колешки, колеги, блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог на Силјановска, да се формира експертско тело за „подразмислување“ требаше да го понуди во нејзината ВМРО-ДПМНЕ и антизападното раководство на чело со Мицкоски.

Гордана Силјановска покажува дека не е ништо друго освен уште еден извшител на Христијан Мицкоски.

На нашата татковина не и е потребен уште еден партиски полтрон како што беше Ѓорѓе Иванов.

На Северна Македонија потребен и е вистински претседател на сите граѓани. Претседател којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

Граѓаните не сакаат нов полтрон, нема да дозволат да се повтори Ѓорѓе Иванов во друга форма.

Со Мицкоски до неа и поддршка на антизападните политики јасно е дека Силјановска ќе биде поразена од граѓаните.

Силјановска и Мицкоски може да се подготват за пораз на претстојните претседателски избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски