ВИДЕО: Силјановска избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давков е избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

По два часа пауза на Конвенцијата во Струга, гласаа над 500 делегати, а Силјановска победи уште во првиот круг по што им се заблагодари на сите кои ја поддржале и рече дека една од најважните работи за неа е владеењето на правото. Таа беше поддржана од 408 делегати.

По завршувањето на партиската Конвенција во Струга,  Гордана Силјановска , одговараше на новинарски прашања од кои во едно беше побарано нејзин коментар за тоа дека Конвенцијата е фарса и дека oднапред била избрана.

„Јас сум во принцип демократ и се борам за слободно изразување и слободна волја. Не прифаќам лажни избори ако не се демократски. Ако беше така немаше да се пријавам“, одговори професорката.

Посочи дека и е јасно оти доколку немала партија зад себе ќе била, како што рече, политичка манекенка и им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што застанале зад неа како независен кандидат.

Силјановска беше прашана и за тоа дали би прфатила понуда од СДСМ за консензуален претседател.

„Ако ме сакаат за консензуален претседател, не е проблем ќе прифатам. Но, она што тие го протежираат за консензуален, за мене не е исто. Зад консензуален претседател стојат независни граѓани, а не поеднци и политачари на кои им треба таков профил на кандидат“, одговори таа.

Рече дека не и било проблем да собере и 10.000 потписи и да побара поддршка и од други партии и од невладини организации зошто сака за неа да гласаат како за човек и граѓанин, а не како за некој наметнат политички профил.

Прашана дали ќе се заколне под химната на Република Северна Македонија и дали ќе го прифати ова име на државата, Силјановска вели дека не е политичар, туку професор и дека за тоа прашање има свој став кој е познат во јавноста. Посочи дека доколку нејзивниот став се совпаѓа со партискиот, во тој случај ќе поддржи политичка одлука.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски