Спасени сите 86 лица кои се наоѓале во зградата на универзетот во Санкт Петербург

Од:

Дел од зградата на универзитет во рускиот град Санкт Петербург се урна попладнево, но сите студенти и професори кои се наоѓале внатре се безбедно евакуирани, соопштија службите за итни случаи.

Потврдено е дека 86 лица се безбедно евакуирани и не е пронајдено ниту едно тело под урнатините за време на спасувачката операција.

Ректорот на универзитетот, Владимир Василев изјави дека никој не останал затрупан под урнатините.

Инцидентот се случи денеска на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика додека се одржувала настава, пишува „Раша тудеј“. Претходно беше објавено дека најмалку 60 луѓе биле евакуирани од зградата по несреќата, а се стравува дека под урнатините се наоѓаат дури 21 лице.

На фотографиите кои се објавени по уривањето се забележува голема дупка на покривот од зградата, како и густа прашина.

Несреќата најверојатно е предизвикана од градежните работи во зградата, каде горните катови делумно се распаднале.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Санкт Петербург: Маж пукал во полицијата и се забарикадирал во стан

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Санкт Петербург: Илјадници останаа без струја

ВИДЕО: Голем пожар во магацин за нафта во Санкт Петербург

Се урна дел од зграда на универзитет во Санкт Петербург, има затрупани луѓе

Сандра Бошковска