Повеќе илјади луѓе протестираа денеска попладне во Минхен, каде се одржува Минхенската конференција за безбедност на која учествуваат лидерите на повеќе земји од светот, против НАТО и заложувајќи се за мир.
Broad mix of groups at the anti-#msc2019 protest in Munich today – leftists with yellow vests, Kurdish activists, pacifists, the satire party Die Partei. Plus a guy with a sickle-and-hammer flag pic.twitter.com/E9E3fKpg80
— Zia Weise (@ZiaWeise) February 16, 2019
Левичарските организации повикаа во центарот на Минхен, по повод одржувањето на конференцијата на која учествуваат и претставници на големите сили, на собир посветен на мирот.
The protest movement is still alive in Munich providing a counterbalance to some of the speeches @MunSecConf. pic.twitter.com/tYHTPBgJ1d
— Ólafur Ragnar Grímsson (@ORGrimsson) February 16, 2019
Учесниците во протестот побараа спротивставување на политиката на мешање во внатрешните работи на други земји, воените интервенции на САД, почитување на меѓународното право во светот, како и за излез на Германија од НАТО.
Меѓу демонстрантите се наоѓале и организации на Курдите, кои бараат ослободување на својот лидер Абдула Очалан.