(ВИДЕО) Николовски: Со пари за земјоделството се плаќале споменици и театри

Од:

Погрешни политики водени со децении во земјоделството не може да се променат за една година, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање дали субвенциите го дале очекуваниот резултат и дали тие служат како социјална помош.

Додаде дека за само една година со промена на моделот на субвенционирање може да се види разликата.

-Оваа година има 4.700 повеќе склучени договори за производство на тутун. Имаме 400 хектари поголеми површини, кои што се пријавени, а во градинарството имаме илјада хектари повеќе пријавени за субвенционирање. Ние ги промовираме и презентираме мерките кои даваат резултати. Еве, во лозараството побарајте ги податоците од Царинската управа, а не од министерството, ќе видете колкав е растот на извоз на вино за само една година со сите мерки и политики кои се преземени, одговори министерот Николовски.

Дополни дека е потребно повеќе време да се отстранат криминалните и погрешни политики кои што биле водени во аграрот и дека тој е убеден дека сегашните политики и мерки даваат соодветен резултат.

На новинарско прашање дали министерството работи на наоѓање нови пазари за пласман на градинарските прозводи, Николовски одговори дека мерката за инвестиции во маркетинг на земјоделски стопанства се воведува по прв пат.

-Зошто досега немало ефекти во земјоделството од Програмата за рурален развој, бидејќи од таа програма парите наместо да одат кај земјоделците, наместо да одат кај преработувачката индустрија, се плаќаа споменици, театри, се плаќаше во 2017 година Македонската филхармонија со пет милиони евра од Програмата за рурален развој. Сега тие пари ги насочуваме токму во овој сектор. Затоа оваа година за прв пат воведуваме таква мерка, односно предфинансирање за сите оние проекти кои ќе бидат понудени, а се нова опрема, нови преработувачки капацитети, за културите и регионите каде имаме проблем со вишокот на производство и само за оваа мерка издвојуваме четири милиони евра, одговори министерот Николовски.

Дополни дека се зголемени и средствата за настап на сите асоцијации и здруженија на пазарите, како и посети на саеми и манифестации за што е обезбеден еден милион евра.

На прашањето дека опозицијата го обвинила дека се исплаќаат субвенции и покрај тоа што веќе се распишани претседателските избори, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и порача на опозицијата да ги чита законите и да каже каде пишува дека субвенциите се забранети во овој период на исплата.

-Субвенциите за разлика од претходните десет години се исплаќаат навремено и редовно и тоа е првото верување кое го имаме дадено пед граѓаните, но и неселективно. Како што кажав во еден ден согласно календарот за исплата се исплатени лозарите. Со исплата ќе продолжиме понатаму и во градинарството, тутунот и се согласно календарот за исплата на субвенции, одговори министерот Николовски.

На крајот потсети дека претходната влада поднела постапка пред Уставниот суд со која беше укината таа одлука за забрана на исплата на субвенции во период пред избори. Според законот немало никакви пречки и исплатата на субвенциите ќе се врши согласно календарот, односно тогаш кога на земјоделците им се најмногу потребни.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски