Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за својот долг ѕид, спроведувајќи широка интерпретација на неговите претседателски овластувања, што е сигурно дека ќе привлече суштински правни предизвици.
Во неговото прогласување вонредна состојба синоќа, Трамп објави темна слика на границата како „главна влезна точка за криминалците, членовите на банди и дрога” и која им се заканува на „основните национални безбедносни интереси”.
Генерално, сепак, илегалните гранични премини се намалени од високото ниво од 1,6 милиони во 2000 година, јавија американски медиуми.
President Trump Speaks on the National Security & Humanitarian Crisis on Our Southern Border https://t.co/FqdfFORbv5
— The White House (@WhiteHouse) February 15, 2019
-Сите знаат дека ѕидовите функционираат, изјави американскиот претседател кој го спомена и зборот „инвазија“ како причина за изградба на ѕидот.
– Илегалната декларација што почнува од непостоечка криза е жесток удар врз нашиот Устав и ја прави Америка помалку безбедна, напишаа претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и шефот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер.
Трамп нагласи дека е свесен оти му следува правна битка.
– За среќа, ќе победиме, рече тој укажувајќи дека има доверба во конзеравативните судии во Врховниот суд.
Државите Њујорк и Калифорнија веднаш најавија судска постапка за да ја поништат одлуката на Трамп.
– Ќе се видиме на суд, напиша Гавин Њусом, гувернер на Калифорнија.
Одборот за прави прашања во Претставничкиот дом во кој контрола имаат демократите најави веднаш отворање парламентарна истрага.