Кутиите на Hart Audio’s D&W new Aural Pleasure звучниците се направени од злато и се пример на спој на уметност и наука.
Дизајнот е инспириран од големо ѕвоно кое се наоѓа на Биг-Бен, а се произведуваат во бронза, сребро и злато од 18 карати за да се добие што подобра звучна слика.
Секоја звучна кутија е тешка по 50 килограми и тоа без техничките компоненти кои се во нив. Обликувана е рачно што дава епитет – уникат. Произведени се во 99 бронзени и пет сребрени комплети додека златните – во само еден примерок кој чини 3,5 милиони фунти.