Гуаидо: Нема да има граѓанска војна во Венецуела

Од:

Во Венецуела нема да има граѓанска војна, изјави лидерот на опозицијата и привремен претседател Хуан Гуаидо.

– Тоа е многу чувствително прашање, кое се однесува на војниците и цивилите. Сегашниот режим нема политичка иднина, бидејќи не штити никого и не гарантира ништо, па 90 отсто од Венецуелците сакаат итни промени во земјата, тоа е она што го сакаат од Владата, рече Гуаидо.

– Само елитата не сака промени, тие би сакале Николас Мадуро да остане на власт под кое било сценарио. Сакаме да му помогнеме на венецуелскиот народ, да го подобри животниот стандард и да ги заштити своите права, тврди тој.

Гуаидо даде нејасен одговор на прашањето дали планира да свика нови претседателски избори на 23 февруари, велејќи дека, согласно Уставот на земјата, привремениот претседател треба да распише избори во рок од 30 дена.

– Моите овластувања се сосема јасни: тоа е да се обезбедат вистински слободни избори, а за да го постигнеме тоа, потребен ни е преоден период во кој ќе ги исполниме сите формалности за да оствариме вистински слободни избори, објасни Гуаидо.

– Ќе имаме еден кандидат од опозицијата и мојата улога е да направам изборите да се одржат, рече тој.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски