Нови литиум-јонски батерии со трипати поголем капацитет

Од:

Научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија создадоа нови литиум-јонски батерии со трипати поголем капацитет од сегашните и кои се полнат за само десет минути.

Благодарение на овие батерии новите уреди наскоро ќе може да работат и по неколку дена со едно полнење.

Конвенционалните литиум-јонски батерии, кои се наоѓаат во сите мобилни уреди создаваат електрична енергија кога позитивни јони на литиум минуваат низ микроскопски тенки графитни плочи кои се наоѓаат на електродите. Сепак, како што стареат овие плочи, нивниот капацитет и перформанси значително се намалуваат, пренесува „Гизмодо“.

Зад развојот на новите батерии стои научниот тим предводен од професор Чонгву Жоу. Според нив трошењето на новите батерии е минимално и губењето на капацитетот е речиси целосно отстрането.

Овие батерии во продажба би можело да се најдат за две до три години.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска