Во Сирија се предале повеќе од двеста борци на ИД

Од:

Екстремисти од Исламска држава, меѓу кои и многу странци, им се предадоа на арапско-курдските сили во источниот дел на Сирија со што ги доведоа тие сили поблиску до воспоставување целосна контрола врз последните подрачја во рацете на џихадистите, соопштија курдски активисти и еден локален фунцкионер.

Официјалниот претставник на Сириските демократски сили (СДФ) Сијагер Амед потврди дека поголемиот број борци на ИД од местото Багуз се предале, но не кажа бројки.

Според него, меѓу оние кои останале да се борат најголем дел се Ирачани и странци, а во малото подрачје под контрола на ИД се уште има цивили, но жени и деца постојано си заминуваат од енклавата.

Заземањето на Багуз и околината би значело крај на четиригодишната разорна глобална кампања против Исламска држава.

Невладини организации соопштија дека се предале повеќе од 200 џихадисти, меѓу кои имало многу странци.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка