Ангеловски: Полицијата разговараше со возачот на автобусот

Од:

Околу 16:45 часот на автопатот Скопје-Тетовоо автобус на „Дурмо транс“ кој се движел кон Тетово излетал од патот преку другата коловозна лента и се превртел. За жал имаме бројка од 13 починати луѓе и 30 повредени. Увидот е во тек, јавен обвинител е на лице место, екипи на МВР, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој додаде дека на местото на несреќата претходно бил и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Истакна дека подетални информации за сообраќајната несреќа ќе бидат соопштени подоцна.

– Со возачот е разговарано и тој е моментално во болница и од тоа што е разговарано со него ќе помогне на утврдување на причините на несреќата, додаде тој.

Во моментот кога се превртел автобусот немало друго возило, рече Ангеловски.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари