Рајфајзен Гамесфелд банка во јужна Германија е една од 10-те најмали банки во таа држава, гледајќи спород депозитите, и единствена која има само еден вработен. Оваа банка е воедно и најмалата банка во светот.
Малите банки како оваа не се реткост во општините во Германија, а нудат ограничени кредити на локалните корисници.
Петер Брејтер (41) е единствениот вработен банката, која обавува транскација за 500 жители во селото Гамесфелд.
Иако бројот на малите банки видливо се намали во последните 40 години, денес ги има нешто повеќе од 1 илјада во Германија.
Таа овозможува граѓаните да ги обавуваат своите секојдневни трансакции и да ги подигаат малите кредити без голема мака.
Секако, големата предност е близината, е често не е потребна никаква реклама.
Брејтер вели дека ова работа е многу забавна. Тој на своите клиенти редовно им нуди совети од финанскиска природа.
-Луѓето би рекле оваа работа ќе здодее, но тоа не е случај и кај мене – изјави тој.
Економските експерти сметаат дека средната класа е крвотокот во Германија, и затоа тие се нивни чести клиенти. Додадоа дека малите банки се многу корисни, но и профитабилни.
Брејтер смета дека економската криза предизвикала банките преку ноќ да станат поинтересни и наведува дека клиенти доаѓаат од целата држава.
-Знам една личност ѕвонеше пет пати и бараше кредит од 4 милиони евра, но јас одбив, бидејќи не беше од Гамесфелд – изјави Брејтер за „Ројтерс“.
Тој наведе дека неговата банка настојува да помогне на општеството во кое што живее, а не само да извлече профит.
Жителите исто така се задоволни, што во своето место имаат банка и наведува дека таа често знаела да им помогне во кризните периоди.