Делови од Карпош, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од улицата „2“ во село Инџиково, лоцирани во близината на објектот на Нино Маркет утре од 8:30 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:45 до 12:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „Жданец“ од број 1 до број 14 во Општина Карапош, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Гиго Михајлоски“ бр. 9, „Иван Аговски“ бр. 8 и бр. 10 и улицата „Даскал Камче“ бр. 1, бр. 2, бр. 3 и бр. 9 во Општина Карпош, а од 9:00 до 14:30 часот корисниците од улицата „Томе Арсовски“ во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улицата „1“ во село Батинци и местото Ќупријан, од 9:30 до 12:30 часот корисниците од село Горно Свиларе, а од 10:30 до 13:00 часот дел од корисниците од село Крушопек.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 15 мај 2026 изнесува 118,89 евра за мегават час, на МЕМО 83,18 евра за мегават час

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче