Уставен не поведе постапка за ПИ мерките од Законот за следење на комуникациите

Од:

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативата поднесена на членот 17 од Законот за следење на комуникациите, што лани беше донесен од Собранието.

Оспорената законска одредба се однесува на спроведување посебна истражна мерка со посебни технички уреди и опрема. Во членот пишува дека посебната истражна мерка може да се спроведе со помош на посебни технички уреди и опрема, што овозможуваат спроведување на мерката без посредство на ОТА и операторите.

Во членот 17 од Законот за следење на комуникациите стои дека по добивање на судската наредба во која за спроведување на посебната истражна мерка се определени техничките уреди и опрема, овластеното лице од правосудната полиција, приложувајќи ја наредбата, ги презема техничките уреди и опремата од Основното јавно обвинителство и по завршување на времетраењето на спроведувањето на посебната истражна мерка веднаш ги враќа во Обвинителството.

Судот оцени дека постапката на снимање на комуникациите е во содејство со постапки регулирани и со другите закони, како што е Законот за кривична постапка, па поради тоа нема можност уставно да се проблематизира.

Подносител на иницијативата е физичко лице од Скопје, кое го оспорува целиот член 17 од Законот за следење на комуникациите од аспект на заштита на човековите права, бидејќи смета дека одредбата не е прецизно регулирана и остава простор за сомнеж.

Би можело да ве интересира

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

Уставен суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Поповска ќе бара Уставниот суд да даде оценка на уставноста и законитоста на Протоколот со Бугарија

Гаши: Не е добро Собранието да врши интерпелација на претседател на Уставен суд