Расчистено разбојништво во Прилеп, кривична пријава за пет лица

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола во соработка со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал од Оделот за криминалистичка полиција при БЈБ, до ОЈО-Прилеп поднесе кривична пријава против пет лица, соопштија од полицијата.

Од МВР велт дека станува збор за 41-годишниот Д.П., 35-годишниот М.А. и У.П. на возрасто од 38 години, сите тројца од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”, предвидено и казниво во член 237 од КЗ на РМ и против лицата М.К. на возраст од 44 години од Прилеп и В.Т., исто така 44-годишен од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” по член 24 од КЗ на РМ, а во врска со член 237 од КЗ на РМ.

На 25 декември минатата година околу 8 часот и 45 минути додека вработената во златара „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него влегол и првопријавениот, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари, велат од полицијата.

Потоа, прво и второпијавениот или Д.П. и М.А. заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило „Форд Фиеста“.

Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело. Петтопријавениот, пак кој исто така им помагал, им помогнал на тој начин што го прикрил возилото „Форд Фиеста“ и друга логистика.

М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори