Шефот на канцеларијата на ОН за борба против тероризмот Владимир Воронков изјави дека неодамнешните загуби на Исламска држава „не смеат да доведат до задоволство на ниту едно ниво“ затоа што, како што предупреди, таа екстремистичка група останува глобална закана со околу 18.000 припадници во Ирак и Сирија.
Воронков на седница на Советот за безбедност наведе дека Исламска држава создала мрежа ќелии во повеќе авганистански градови, вклучувајќи го и главниот град Кабул, и тесно е поврзана со лидерите на групата во Сирија и Ирак.
Тој рече дека Исламска држава се уште е насочена кон Ирак и Сирија, каде има меѓу 14.000 и 18.000 екстремисти кои ги контролира.
Заканите од напади на екстремисти од Исламска држава сега се зголемени, затоа што некои кои се бореле со групата се вратиле дома, преместени се или ослободени, рече Воронков во Советот за безбедност на ОН.