Пратеничката Стојчевска: Не знаев дека мојот син аплицирал за работа во ЕЛЕМ

Од:

Пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, чиј син Виктор Стојчевски од вчера е вработен во ЕЛЕМ, не гледа ништо спорно во тоа тој да работи во државна компанија. Стојчевска за „А1он“ вели дека нејзиниот син уредно се пријавил на оглас, за потоа да ја добие позицијата.

„ЕЛЕМ имаше распишано јавен оглас. Мојот син прво аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар за недвижнини што исто така е државна институција“, вели пратеничката Стојчевска за „А1он“.

Таа ги негира тврдењата дека нејзиниот син Виктор добил работа во ЕЛЕМ поради нејзината функција или глас за уставните промени, како што тврдеше портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Нашите деца секако ќе бидат вработени некаде, според нивните струки и образование. Имајте предвид дека се дефицитарни градежните инжинери. Колку што знам, тој сега е вработен во секторот за инвестиции“, додава Стојчевска.

Од ЕЛЕМ тврдат дека Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата оти ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Оттаму не дадоа информација колку лица се пријавиле на огласот и дали само синот на пратеничката Стојчевска ги исполнувал критериумите.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски