ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека ќе изгуби на избори

Од:

„СДСМ се плаши од народот и затоа бега од избори. СДСМ знае дека ќе изгуби поради сите антидржавни политики кои ги спроведоа изминативе две години со кои ја понижија државата.

Република Македонија во континуитет тоне со оваа власт и токму затоа СДСМ треба да смогне сили, да го стави државниот над партискиот интерес и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.

Смената на СДСМ е единствениот начин како државата да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа. Сите сегменти од општеството тонат.

Здравството е на ниво на клиничка смрт. Секојдневно ни умираат пациенти од болести кои современите држави ги третираат со едноставни терапии или целосно ги искорениле.

Состојбата е алармантна, а власта ништо не презема.

Парите од здравството наместо да завршуваат за подобрување на здравствените капацитети, одат за милионски набавки за фирми блиски до врвот на власта, фирми каде газда е таткото, а ќерката директор на болница и фирми кои се основани непосредно пред да биде распишан огласот.

Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. СДСМ тоа не може да го овзможи. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски