Агент на ГРУ вмешан во случајот „Скрипал“, три пати бил во Бугарија

Од:

Агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ, кој бил вмешан во случајот „Скрипал“ три пати престојувал во Бугарија, изјави бугарскиот главен обвинител Сотир Цацаров по средба со премиерот Борко Борисов, јави Бгнес.

Борисов утрово се сретна со британската амбасадорка Ема Хопкинс, а на средбата присуствуваа и министерот за внатрешни работи Младен Маринов и Цацаров. Состанокот се одржа во врска со информацијата дека еден од вмешаните во случајот „Скрипал“ бил во Бугарија во времето кога бил отруен бизнисменот Емилијан Гебрев.

Тројца припадници на руските служби се прогласени за вмешани во случајот Скрипал. Двајца од нив се осомничени како директни сторители, а третиот Сергеј Федотов е осомничен дека помагал. Утврдено е дека за 10 години првите двајца не влегувале во Бугарија, додека третиот престојувал на бугарска територија три пати, објасни Цацаров.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година