Рускиот амбасадор во Атина: Членството во НАТО не може да биде фактор на стабилност

Од:

Интеграцијата на уште една земја во НАТО несомнено не може да ја зајакне стабилноста и безбедноста на Балканот, вели рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов во интервјуто за информативниот портал „Спутник“.

Амбасадорот на Русија објаснува дека тие како постојан член на Советот за безбедност сметаат дека биле прекршени законските јасности во процесот на одобрување на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Маслов додава дека двете страни стигнаа до договор, најдоа ново име и тоа е прашање што се однесува на двете страни „и се чини како да нема ништо лошо во тоа“.

„Проблемот, сепак е дека процесот на официјализирање на договорот беше со сериозни прекршувања во домашното право на една од земјите. Референдумот за името таму беше неуспешен. И покрај тоа, процесот на ратификација ја игнорираше волјата на најголемиот дел од населението на земјата. Русија како постојан член на Советот за безбедност на ОН – а и името секако е на агендата на Советот за безбедност од 1993 година – го нагласува фактот дека беа прекршени законските јасности на процесите за одобрување договорот. И секако, како што реков, таков забрзан, трескавичен прием на балканска земја во НАТО не може да биде фактор на стабилност“, вели Маслов во интервјуто за „Спутник“, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО