Почина 13-месечно бебе од морбили, трет случај за само три дена

Од:

Вчера во вечерните часови на Клиниката за детски болести почина 13-месечно бебе од тетовскиот регион, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека бебето починало поради компликации предизвикани од морбили или мали сипаници. Како што соопштија од МЗ бебето претходно не било вакцинирано. Ова е трет случај на починато дете од морбили за само три дена.

„Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет“, се посочува во соопштението на министерството.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски