Средба на Вељаноски со известувачот Ричард Ховит

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска имаше средба со известувачот за Македонија и член на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент Ричард Ховит.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, на почетокот на средбата Вељаноски му се заблагодарил за поддршката што и ја дава на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. Притоа потенцирал дека извешатите што Ховит ги подготвува за Република Македонија во Европскиот парламент се објективни, принципиелни, и за побрзо интегрирање на Македонија во Европската унија.

Фокусот на разговоротите, како што се наведува во соопштението, бил насочен кон тоа како да се напредува понатаму во евоинтеграцискиот процес и како да се совладаат предизвиците со кои се соочува.

Заложувајќи се за што поскоро надминување на политичките разлики и заедничкото работење на релевантните политички субјекти на стратешките прашања за Република Македонија, Вељаноски потенцира дека политичката волја на сите субјекти треба да е јасна и недвосмислена за навистина да има заеднички исчекор за напредокот на земјата.

На средбата станало збор и за неколку прашања поврзани со надлежностите на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент и на одделни аспекти од случувањата во Собранието на Република Македонија на крајот од минатата година. Во овој контекст на крајот од средбата, претседателот на Собранието Вељаноски му предложи на Ховит, во придружба на стручната служба, да ја посети пленарната сала на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска