Наследничката на германската канцеларка, Ангела Меркел на местото лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер повика на изготвување на мигрантска политика на Германија, која не би му наштетила на единството на ЕУ.
Како што јави ДПА, во пресрет на средбата со претсавници на Федералната и на покраинските влади, Крамп-Каренбауер истакна дека идната мигрантска политика ќе треба да обезбеди баланс меѓу националниот интерес на Германија и интересите на Европската унија, бидејќи само силна и функционална Европа може на земјата да и ја обезбеди неопходната заштита.
„Сето она што ние го правиме на национално ниво има непосредни последици и врз другите европски држави“, истакна лидерката на ЦДУ.
Одлуката на германската канцеларка Меркел од 2015 година за политика на отворени врати за беглаците, во Германија привлече над еден милиоин мигранти, што резултираше со пад на популарноста на Владата и криза во владината коалиција и го доведе во прашње опстојувањето на блокот меѓу ЦДУ и нејзината сестринска баварска Христијанско социјална унија (ЦСУ).