Во Министерството за култура денеска треба да бидат разгледани одбиените апликации на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.
Министерот Адеми вчера најави дека сите проекти, сите апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста, и сите апликанти кои се одбиени пповторно ќе се анализираат.
Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.
Разгледувањето на одбиените апликации следува во бројните реакции во јавноста за направениот избор на добитниците на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.