(ВИДЕО) Шахпаска: Оперативниот план со рекорден буџет од 1,1 милијарда денари создава шанса за вработување на младите

Од:

„Преку серија на мерки што ги презема Владата, се намалува невработеноста, се создаваат услови за отворање на нови работни места, се отвораат шанси за младите.

За Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се рекордни 1,1 милијарда денари, односно највисок износ досега.

Мерките од Планот се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, но и поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи за сопствен бизнис“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Оперативниот план за 2019 година посебен акцент става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантираната минимална помош.

Со новата мерка во Оперативниот план обезбедените се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера.

Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години. Преку најразлични обуки и прекфалификации овие млади луѓе ќе можат да се вработат.

Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.

Градиме правично, фер општество кое создава шанса за сите.

Мерките од Оперативниот план за вработување даваат реални и одржливи резултати.

Во претходната, 2018 година, Оперативниот план за вработување имаше реализација од 95 отсто.

За првпат се воведе „Гаранцијата за млади“, преку која се вработија 1.839 млади лица. Оваа мерка не прави прва држава што ја применува а се уште не е полниправна членка на ЕУ.

Преку програмата Самовработување пак, сопствен бизнис отворија 1.191 лице.

Успешните мерки, раздвижувањето на економијата и напредокот во интеграциите, придонесоа стапката на невработност да опадне на 20,8 отсто, со интенција дополнително да се намалува и веќе годинава да биде на историски минимум од под 20 отсто.

СДСМ преку Владата и парлементарното мнозинство што ги предводи продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје