Министерот за култура, Асаф Адеми во Берлин каде е во работна посета, изјави дека е подготвен да поднесе оставка на функцијата по реакциите во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата. Најави и разгледување на сите одбиени апликации.
„За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема пропблем. Од првиот ден на функцијата јас се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од страна на вработените во Министерството за култура и врз основа на тоа јас ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене,“ вели Адеми.
Тој посочи дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дкеа нема да постапува под притисок на јавноста.
„Тоа апсолутно не е точно, но да се стави некој над законот, некој што секогаш земал пари од Министерсвото дека еве јас сум над сите и нема потреба да доставам кој било документ и дека тие ќе донесат одлука врз основа на притисоци од јавноста, јас тоа нема да го направам“, вели Адеми.
Смета дека се прават разни манипулации со јавноста оти тој креира национална политика. Рече дека е во постојан контакт со членовите на комисиите и со правната служба во Министерството, а решението го гледа во преиспитување на сите одлуки за апликациите кои што се одбиени.