Штипската болница треба да биде готова до 2020

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека болницата во Штип продолжува да се гради и треба да биде завршена во 2020 година.

„Добивме информација од изведувачот со кој Министерството за здравство има потпишано договор. Тоа е грчката фирма Интракат, дека го раскинале договорот на досегашниот подизведувач и бара продолжување на роковите. Рокот го продлживме за една година и сега крајниот рок кога треба болницата да биде завршена е 2020 година“, изјави Филипче.

Во меѓувреме, како што рече, забележуваме, а имаме и извештаи од надзорот дека работите се изведуваат со навистина забрзана динамика.

„Имаме интензивна комуникација и со градоначалникот на Штип, кој треба да преземе обврски за некои сообраќајни решенија“, рече Филипче.

Тој изрази надеж дека следната година Штип ќе добие нова и современа болница.

Би можело да ве интересира

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

На најдобрите студенти кои завршиле медицина ќе им биде понудено веднаш да се вработат во здравството

Таравари од првиот ден почна да ги разрешува економските директори на клиниките

Катерина Ѓуровски

Министерот за здравство бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали

Предраг Петровиќ

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите