Обидите на западните земји да ја принудат Русија да го прифати диктатот на САД и нивните сојузници се осудени на неуспех, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
На собирот по повод Денот на дипломатите во Москва, тој рече дека Западот неколку пати ја демонстрира својата опседнатост со превласт над другите.
Лавров потсети дека и на забелешката на рускиот дипломат и државник Евгениј Примаков дека Русија доби признание како земја која ги брани своите интереси во мултиполарниот свет.
Тој рече дека на САД и нивните европски сојузници тоа не им се допаѓа, но дека тоа е објективен тек на историјата.
„Тоа што нè прави толку сигурни е дека нашата визија за одржување меѓудржавни контакти врз основа на меѓународното право и Повелбата на ОН и принципот за заштита на туѓите интереси ја дели поголем дел од светската заедница, која е уморна од геополитички игри и санкции и уцена. И тиа, исто како ние, се заинтересирани за подобрување на состојбата и зајакнување на меѓународната соработка“, додаде Лавров.