„Зери“: Претстои тешко соочување Тачи-Дачиќ

Од:

Петтата средба меѓу премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, ќе биде најтешкото соочување досега, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Тачи и Дачиќ ќе имаат „најсериозен дуел“ во однос на претходните четири рунди разговори, бидејќи на состаноците на 19 и 20 февруари на маса ќе се најдат и прашањата за српските безбедносни структури, кои дејствуваат во северниот дел на Косово, јави Танјуг.

Само неколку дена пред разговорите, советникот на косовскиот премиер Беким Чолаку потврди дека се очекува следната средба да биде маратонска.

– Следниот состанок ќе биде поинтензивен и ќе трае два дена. Темите за кои ќе се разговара се однесуваат на воспоставување ред и закон на Северот, односно расформирање на илегалните структири на Србија во безбедносниот сектор, кои дејствуваат во северниот дел на Косово, истакна Чолаку за весникот.

Тој додаде дека на состанокот ќе се разговара и за функционирањето на легалните косовски безбедносни структури во северниот дел на земјата, согласно Уставот и законите на Косово, нагласувајќи дека претставниците на косовските институции се подготвени за разговори.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија